ЈАВНА СЕДНИЦА ВО АПЕЛАЦИЈА ЗА „ТИТАНИК 2“

0
93

Осудентите во предметот „Титаник 2“ побараа од апелационите судии да ги ослободат или пак предметот да се врати од почеток. Тврдат дека се невини и дека се направени суштествени повреди во кривичната постапка.

Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими кој е осуден на 4 години затвор потврди дека лидерот на ДПА, Мендух Тачи му се јавил за време на изборите во 2013-та. Но, вели дека не се сите разговори објавени и тврди дека тој гласал по сопствено убедување.

Дополнително Ибраими го спомена и неодамна објавениот прислушуван разговор на Ел Чека во кој Радмила Шеќеринска му се јавува на тогашниот вицепремиер за евроинтеграции од ДУИ, Фатмир Бесими и му кажува нивниот член во ДИК да гласа принципелно.

„Кој беше третиот сигурен глас на страна на СДСМ на истите избори во 2013, знаејќи го составот на ДИК? Тројца членови тогаш беа од ВМРО-ДПМНЕ како власт, двајца од СДСМ, еден од ДУИ и јас од ДПА. Ако таа бара членот на ДУИ принципиелно да гласа бидејќи им треба уште еден четврти глас, тогаш кој бил третиот принципиелен глас на кој сметал тогаш СДСМ?“ –  изјави Бедредин Ибраими – Осуден во „Титаник 2“.