28 Ноември, одложен празникот за денот на знамето

0
98

Трагичниот земјотрес во Албанија ги откажа сите празници по повод 28 ноември, Денот на знамето. Во Албанија, единствениот настан што се одбележа по повод 107 – годишнината од Декларацијата за независност беше церемонијата за подигнување на знамето во градот Валона, на која присуствуваа премиерот Еди Рама, претседателот Илир Мета и претседателот на Собранието, Грамос Ручи.

„Најдобра чест што можеме да ја направиме за овој 28 ноември е да продолжиме да се залагаме за лечење на раните на сите оние семејства погодени од земјотресот и да бидеме што е можно поблиску до семејствата што ги изгубиле роднините, да се справат со болките, но и да гледаме кон иднинатата со доверба за да може секој да започне нормален живот“.

Премиерот Еди Рама им честиташе на Албанците по повод Денот на знамето преку објавување на социјалните мрежи каде напиша, меѓу другото, дека темнината привремено нè опкружува, пред изгрејсонцето