Алијансата и ВМРО бараат Владата да предложи предлог-закон за ратификација на протоколот за членство во НАТО

0

ВМРО-ДПМНЕ официјално побара од Собранието да побара од Владата да предложи Закон за ратификација на Конечниот протокол за членство во НАТО. Според партијата на Христијан Мицкоски, власта се обидува да ги одложи предвремените парламентарни избори кои се договорени за 12 април со жртвување на членството во НАТО. Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, бара Конечниот протокол да се изгласа на 11 декември. Според него, ДУИ се обидува да ги одложи изборите за Албанците да не можат да гласаат.

НАТО да не биде мета на некои политички чинители кои сакаат да го одложат датумот на изборите закажани за 12 април. Ние сме свесни зошто го бараме тоа. Го искористуваат овој момент за да достигат што е можно помалку граѓани да бидат присутни на 12 април тука. Нашиот политички противник беше најгласен во овој поглед, земајќи го НАТО како причина за да го одложат 12 април. Најверојатно тие се исплашени да видат премногу Албанци. На 12 април ќе има многу Албанци кога ќе пристигне и дијаспората“-изјави Зијадин Села, Алијанса за Албанците.