Ветингот ќе се спроведува по изборите

0
70

Но министерката за правда Рената Дескоска вели дека операцијата е оставена за по изборите. Како причина за тоа е потребното двотретинско мнозинство што според неа е тешко да се обезбеди во актуелниот состав на Парламентот.

 

Првиот човек на Советот на Јавните обвинители Ацо Колевски е на став дека стручноста на обвинителите може единствено да ја проверат телата во обвинителскиот систем а сомнежите за корупција истражните органи. Но порачува доколку се спроведе ветингот да се почитуваат Уставот и законите.

 

И дел од судиите во земјава не се против ветинг, но сметаат дека треба да го спроведат веќе постоечките институции.