(Видео) Макрон, Џонсон и Трудо снимени како го исмеваат Трамп

0
102

На самитот на НАТО во Лондон, кој се одржува вчера и денеска, јавноста веќе имаше шанса да види како пред камерите вербално се судрија американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот француски колега Емануел Макрон.

Но, на нови снимки кои се појавија на социјалните мрежи и ги објавија повеќе странски медиуми може да се види како лидерите на некои од најголемите американски сојузници, според контекстот на разговорот, го озборуваат и го исмеваат Трамп.

Снимката е направена на прием во Бакингамската палата кај кралицата Елизабета Втора и нејзиниот наследник, принцот Чарлс.

На снимката се гледаат холандскиот премиер Марк Руте, канадскиот премиер Џастин Трудо, британскиот премиер Борис Џонсон и францускиот претседател Емануел Макрон, како стојат во круг и разговараат пиејќи.

Дел од разговорот, фатен од микрофони на американската Си-би-ес, е доста интересен.

„А зошто доцниш?“, го прашува Џонсон, Макрон. Наместо Макрон, одговара Трудо: „Доцни поради неговата 40-минутна прес-конференција“.