Вински фестивал се одржа во Кавадарци

0
79

Тиквешки вински фестивал за првпат се одржа во Кавадарци, во организација на Здружението на семејни винарии, во соработка со Здружението на винари. На фестивалот можеа да се дегустираат производите на 16 семејни винарии кои произведуваат во домашни услови, две дестилерии, една мандра и една млекара. Изложени беа производи од грозје, како вина, ракии, вињаци, маџун, но и сирења и кашкавали.

За нивниот квалитет сведочат бројните награди, со кои овие производи се закитија во изминатиот период. Покрај квалитетните производи, ресторанот нуди и храна што може да се вкуси во комбинација со вината“, информираа организаторите.

Тиквешијата претставува најголемо виногорје во Македонија и на Балканот. Од сортите на грозје кое се одгледува најзастапени се „смедеревка“ и „кратошија вранец“, а на помали површини се одгледуваат и десертните и трпезните сорти грозје: „кардинал“, „хамбург“, „афус али“, „рибиер“ и др.

Како резултат на големите лозови насади во Тиквешијата има голем број на винарски визби кои грозјето го преработуваат во вино и ракија кои се пласираат на странските пазари. Најголеми винарски визби се „Тиквеш“ Кавадарци (најголема во Македонија) и „Повардарие“ Неготино, а во поново време се повеќе се отвораат и приватни винарски визби како „Попови“, „Чекорови“, „Китвин“, „Бовин“ идр.