Гори хотел во Атина, пожарникарите во акција за итна евакуација

0
129

Голем пожар попладнево избувна во хотел во Атина. Како што пренесува „Катимерини“, пожарникарските екипи досега успеале да евакуираат пет лица, но се верува дека во хотелот има уште заглавени лица.

Сѐ уште не се знаат причините за пожарот, кој според првичните информации започнал во една од собите на хотелот „Атинеум палас“.

Не е јасно дали евакуираните лица се гости во хотелот или дел од вработените, но од противпожарната бригада за Катимерини соопштиле дека двајца од извлечените биле пронајдени на скалите во хотелот, а тројца се извлечени преку прозорците, со помош на кран.