Граѓанин пријавил експлозивна направа на паркингот на средно уметничко, МВР врши увид

0
65

На пријава на граѓанин дека на паркингот е забележан предмет кој наликува на бомба, единицата на МВР е излезена на терен каде ја проверува наводната пријава. МВР утврдува дали станува збор за вистинска или школска бомба – изјави за „Слободен печат“ портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Инаку утринава средното уметничко училиште „Лазар Личеновски” во Скопје поради безбедносни причини беше евакуирано од страна на МВР.

Учениците и наставниците се изведени надвор од објектот, а на паркингот се пристигнати екипи на полицијата, кои не дозволуваат пристап до училишната зграда.