Грчката црква одбива верски погреби на кремирани покојници

0
81

Два месеца откако е отворен првиот крематориум во Грција, моќната Грчка православна црква го повтори нејзиното противење на кремирање мртви и одбива да врши верски погреби во случај на кремирање. „Црквата се противи на спалување“ се наведува во документот на црквата на четири страници упатен до „народот“ што ќе им биде делен на верниците во сите цркви. Како една од последните земји во Европската унија која овозможи палење на мртвите, Грција го отвори нејзиниот прв крематориум во почетокот на октомври во Рицони, на околу 80 километри од Атина.

Во земја во која повеќе од 90 проценти од жителите велат дека се православни, крематориумот е блокиран од Грчката православна црква, која се придржува кон православниот погребен ритуал.

Во отсуство на крематориум, стотици грчки семејства беа принудени да ги пренесат остатоците на нивните роднини во соседна Бугарија.

Во 2006 година првпат законски е одобрено „кремирање на телото“, што беше побарано и од приврзаниците на секуларизмот и многу општини во кои нема место на гробиштата.