Децата се запознаваат меѓусебно, исчезнува стравот од непознато, се стекнуваат нови пријателства!

Во рамките на проектот спроведен во четири скопски средни училишта било спроведено и истражување според кое 9 до 10 ученици вклучени во тие часови се изјасниле дека го продолжуваат другарувањето и надвор од училиштето, 9 од 10 ученици рекле дека се стекнале со по најмалку еден пријател, 8 од 10 ученици рекле дека сакаат да продолжат ваквите часови и 70 проценти од учениците би им го препорачале ова искуство и на останатите училишта

 

 

 

Четиристотини и педесет ученици од средните ученици „Арсениј Јовков“, „Здравко Цветковски“, „Боро Петрушевски-АСУЦ“ и „Браќа Миладиновци“ кои учат на различни наставни јазици, посетувале 700 заеднички часови во второто полугодие на учебната 2018/2019 година. Во овој проект, проектот „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“, спроведуван од Македонскиот центар за граѓанско образование и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, биле вклучени 25 наставници кои биле специјално обучени за тоа.Даниела Адамова, раководител на секторот за образование во Град Скопје, вели дека придобивките од тоа се многубројни.Децата се запознаваат меѓусебно, ги прифаќаат различностите, исчезнува стравот од непознато, се стекнуваат нови пријателства – нагласи Адамова.