Заев најави кои се можни технички премиери.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не постојат причини, ниту потреба за одложување на предвремените парламентарни избори кои се закажани за 12 април догодина. Според неко како можни кандидати за технички премиер се сегашните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика Оливер Спасовски и Мила Царовска, чии имиња изминатиот период се споменуваа во јавноста.

-Ние треба да се усогласиме околу името на техничкиот премиер, за двајца дополнителни заменици министри во МТСП и МВР со право на вето. Веројатно до крајот на годината треба да следи и барање и предлози од опозицијата за министри во МВР и МТСП, но и тројца заменици министри и за тоа да разговараат со власта. Очекувам на 3 јануари, датум кој е на 100 дена пред избори да се констатира мојата оставка со што престанува да функционира оваа Влада која ја водам и на самата седница на предлог на новиот мандатор кој добива мандат од претседателот на државата, да се претстави техничката влада и програмата и да се избере, рече Заев.