Заев по Нова година во улога на политичар на неформална средба со Борисов

Премиерот Зоран Заев по Нова година планира како политичар, а не како премиер, со оглед на тоа што ќе има техничка влада пред изборите најавени за 12 април да замине во Софија на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов со кого меѓудругото ќе поразговара за работата на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања.

Како што брифираа од Владата средбата може да помогне да се придвижат работите на Комисијата, но додаваат дека досега земјава е во изборен процес не е паметно да се влегува во решавање на прашањата за кои двете земји засега не ги приближиле ставовите, како што е прашањето за Гоце Делчев.