Ивановска: Јавното обвинителство сè уште работи под притисок

0
88

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска не е задоволна од постапувањето на Обвинителството за нивните барања за кривична одговорност за одредени лица и смета дека селективно се постапува по различни предмети. Според неа Јавното обвинителство се уште работи под притисок и нарачки, а проверката на имотната состојба на судиите и обвинителите е добар почеток во борбата против корупцијата, но бидејќи се работи за комплексен проблем потребен е ангажман и од државните институции.

За претседателката на невладината „Транспаренси Интернешнл“ Слаѓана Тасева се уште нема добра правна основа за ветинг и прочистување на судиите и обвинителите.