ИНДУСТРИСКА ШПИОНАЖА ВО „ЕРБАС“: Отпуштени 16 луѓе

0

„Ербас” отпушти 16 вработени без најава во врска со истрагата за шпионирање германските воени програми, јавуваат медиумите во Минхен.

Отпуштените 16 вработени, вклучувајќи директор на оддел, се осомничени за индустриска шпионажа и незаконско стекнување доверливи документи за идни проекти за германските вооружени сили.

Ербас е еден од главните снабдувачи за потребите на германските вооружени сили и редовно добива договори за снабдување со нови авиони и хеликоптери на армијата.