Новогодишната елка на Плоштадот Македонија ќе светне во 19:30 часот

0
70

Новогодишната елка што е поставена на Плоштадот Македонија ќе светне во 19:30 часот.

Со работа ќе почне и новогодишниот базар „Винтерленд 2020“, соопшти град Скопје.

За изработката на дигиталната елка и дигиталниот тунел , фирмата Линк Медиа Плус, која и оваа година го доби тендерот за украсување на метроплота, ангажираше една од најдобрите 5 компании за божиќни продукти во Кина , кои деновиве интензивно работеа на поставувањето на елката, која е направена од 80.000 сијалички,и истовремено со музика создава вистинска новогодишна магија.

„Оваа божиќна елка е најновиот продукт на божиќниот пазар, комбинирана е со музика и видео во традиционални божиќни бои. Вакви елки изработивме и за Лондон, Мадрид, Париз и за Амстердам, но оваа во Скопје ќе биде најдобра. На оваа елка работевме 2 месеци во нашата фабрика во Кина, и многу е важно да кажеме дека станува збор за висока квалитететн производ, кој доколку добро се чува може да се користи и повеќе од две години.“ – Ана Таи.