Од 1 јануари гасот од „Турски поток“ ќе потече кон Македонија и Грција

0
85

Бугарската страна е подготвена од почетокот на следната година од гасоводот „Турски тек“ да обезбеди транзитни испораки на гас за Грција и Македонија.

Ова го изјави извршниот директор на компанијата „Булгартранзитгас” Владимир Малинов во интервју.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Бугарија за намерно одлоговлекување на реализацијата на „Турски поток“. Тој истакна дека доколку Софија не сака да заработи за транзит на гас, Москва ќе најде други опции.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов одговори дека изградбата е одложена поради процедурални причини. Тој изрази надеж дека гасоводот ќе биде целосно оперативен до крајот на следната година. Борисов рече дека земјата треба да биде единствен гасен центар на Балканот, што е договорено со ЕУ и САД.