Путин со воз прв се возеше преку мостот на Крим (ВИДЕО)

Русија го анектира Крим пред пет години, како одговор на соборувањето на прорускиот претседател во Украина. Оваа стратешки важна област во Црното Море е географски поврзана со украинското копно.

Путин рече дека отворањето на железничката линија на двојниот мост е „многу важен настан“ што ќе влијае на целата домашна економија.

„Ова е важен настан за Крим, за југот на Русија и за целата наша земја“, рече Путин, кој се возеше преку мостот над преминот Керч во кабината на локомотивата.