Работник итно пренесен од маркет на скопските Клиники

По полноќ во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен 25-годишниот Г.С. од Скопје, кој се повредил во пределот на десната нога додека извршувал работни задачи како вработен во маркет во трговски центар на булеварот„Јане Сандански“.

 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и за настанот е известен трудов инспектор.

 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.