Скопјани се жалат: Во двокатните автобуси фурна, во старите грч ладно

0
62

Патниците кои чекаат градски автобус кога ќе влезат во двокатните автобуси, се соочуваат со шок, бидејќи внатре понекогаш таа изнесува и плус 30 степени од надворешната.

И при моменталните зимски услови и во највисоките температури во летото, на минус 10 и на плус 30 степени, проблемот е ист. Патниците се жалат дека температурите во некои од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) не соодветствуваат со надворешните, па се случува лете да се смрзнуваат, а зиме да се препотуваат од жештина. Поради тоа, среде декември, патниците ги соблекуваат капутите, а принудени се и да отворат прозорец за да се разладат или да земат воздух, затоа што температурите често се превисоки и неподносливи, особено на вториот кат. Истиот проблем се јави и минатата година кога од ЈСП објаснија дека возачите погрешно ги користеле уредите за греење. Вкупно од четирите грејачи на двокатните автобуси, два се за долниот, а два за горниот кат. Наместо да вклучуваат еден грејач за горниот кат, возачите ги пуштаа и сите одеднаш и така ја креваа температурата над потребното ниво.