Сообраќајка кај Градско, битолчанец тешко повреден

0

Вчера претпладне кај Градско се случила сообраќајна несреќа, во која со тешки повреди се здобил битолчанец, пренесуваат од МВР.

На 03.12.2019 во 10.00 часот на патот Градско – Прилеп, на место викано „Фариш“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,форд“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(65) од Битола и патничко возило „киа“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(37) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото моторно возило „форд“, Г.К.(42) од Битола, кој бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од Полициска станица Кавадарци“, велат од МВР.