Средба на Али Ахмети со иселеници и граѓани на Гостивар

0
79
На собирот со иселениците и граѓаните  на Гостивар што се одржа во Големата сала на Центарот за Култура, Претседателот на ДУИ Али Ахмети одблизу ги запозна иселениците и другите присутни со постигнувањата на албанците во двете последни децении во Република Северна Македонија, но и со идните планови.
“На  патриотизмот со големо зборови, со полна уста, му дојде крајот. Ние треба да работиме за секој ден и без големи зборови, но со опипливи и конкретни дела. Да изградиме вредности и капацитети во администрацијата, на универзитетите. Работиме и ќе работиме за правична застапеност. Ако во 2001 година имавме 260 офицери и подофицери албанци во АРМ, денес имаме повеќе од 2000. Ако имавме 178 полицајци албанци, денес имаме 2000 млади во полиција.
Дали има уште многу работа пред нас, сигурно дека има. Бидејќи другите беа пред нас 60 години, и сега работиме за да постигнеме застапеност и квалитет”, рече меѓу другото Ахмети додавајќи дека сега имаме два државни универзитети и еден јавно-приватен на албански јазик, знамето и албанскиот јазик се заштитени со закон, патриотизам останува економскиот развој, стручната и неселективна правда, модерни институции, реформирани и квалитетни универзитети.