Сугарески: Сконцентрирани сме на спроведување демократски избори на 12 април, а за коалицирањето ќе се одлучува по изборите

0
79

Знаете дека Процесот и на Рамковниот договор е кога е СДСМ на власт, заеднички процес, а и на Преспанскиот договор. Ние сме сконцентрирани сега на тоа што на 12 април да се случат демократски избори на кои што убеден сум СДСМ ќе победи. Во делот на коалицирањето ќе се случува после тоа, кажа Сугарески на прес конференција запрашан дали повторно се отвара патот за коалицирање на СДСМ со актуелниот коалициски ДУИ по изјавата дадена синоќа од лидерот Али Ахмети.

Ахмети на Четвртиот Конгрес на ДУИ одржан синоќа во Скопје порача дека се подготвени за коалиција со оној кој ќе ги почитува Охридскиот рамковен договор и Преспанскиот договор, кој заедно со Договорот за добрососедство со Бугарија ги посочи како затворени прашања кои обезбедуваат посигурна иднина на РСМ.

-Секое настојување за ставање раце на овие три елементи ќе биде соочено со отпор и нас нема да не има за партнери, кажа Ахмети.