Трибина на СДСМ: Времињата на несигурност се зад нас, продолжуваме на патот на напредокот

Направивме многу, на прав пат сме и продолжуваме по патот на напредокот, порачаа говорниците на денешната завршна трибина „На прав пат” што се одржа во спортската сала „Борис Трајковски”.

 

Претседателот на партијата и актуелен премиер Зоран Заев рече дека времињата на несигурност и нестабилност се останати во минатото, посочувајќи дека во изминатите две ипол години направено е многу во однос на изминатите 11 години. Резултатите во економијата, како што рече, покажуваат дека невработеноста во третиот квартал е намалена на рекордно ниско ниво од 17,1 процент, отворени се 5.263 работни места, има 799.546 вработени и потпишани се 34 нови договори за странски инвестиции.