Тројца фатени при грабеж на куќа во Бутел, уапсен и рабојник во аптека во Центар

0
70

На 27.12.2019 во 20.30 часот на ул.Ферид Бајрам во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода Р.Г.(28), Д.Н.(23) и Ш.Е.(31) сите од Скопје.

Тројцата биле фатени при обид за извршување на кривично дело „тешка кражба“ во куќа сопственост на Б.М.(60) од Скопје.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од МВР информираат дека вчера околу 17.30 часот во аптека на булевар Климент Охридски во Скопје бил лишен од слобода М. П. (41) од Скопје при извршување на кривично дело „разбојништво“.

Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.