Црна Гора се придружи на „Мини Шенгенот“, Косово бојкотира

0
96

Европската Унија ќе даде 1,2 милијарди евра за сите договори произлезени од „Мини Шенген“. Оваа вест денеска ја соопшти домаќинот на третата средба од иницијтативата Мини Шенген, премеирот на Албанија, Еди Рама. Гостите, претседателите на Србија и Црна Гора, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ и премиерот на Макеоднија Зоран Заев, говореа за придобивките од самиот. Иницијативата значи забрзување на интегрирањето во ЕУ, а Унијата е нашиот пат, рече Заев.

Оваа соработка ќе може да биде дополнителен акцелератор на отстранување на нетрпението на нашите граѓани за побрзо членство во ЕУ. Но, секако со пирчини и вистински трансформативни процеси кои ќе не европеизираат. Оваа европеизација може да ја направиме и самите со ваква регионална сорабоатка. Има простор и овој простор треба да го искористиме и должност ни е да работиме во функција на граѓаните стопанството“-рече Зоран Заев.