Баша: Рама ги нападна косовските лидери како уличар Баша: Рама ги нападна косовските лидери како уличар

0
105

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша остро реагираше на изјавата на премиерот Еди Рама за неприсуството на Косово на состанокот на иницијативата „Мини шенген“, што се одржа во Тирана, јави дописничката на МИА од Тирана. – Го осудувам уличарскиот напад на Еди Рама врз политичките лидери во Косово и се извинувам во името на секој Албанец за овој неприфатлив чин. Говорот на омраза кон косовските институции е достоен чин само за еден заложник на антиалбанизамот, како Еди Рама, напиша Баша на Твитер.