Јовановиќ: За мој вкус, изјавата на БАН е провокативна

0
70

„Со самото тоа малите национални јазици слабо можат да се конкурираат со тие наративи и единствената работа околу која ќе може да се кошкаме со соседите е јазикот. Ми се допаѓа изјавата на премиерот што не оди против бугарскиот народ и не сака да ги наруши односите со Бугарија, со која имаме договор за добрососедство. Ова е чисто политички став, но тоа мора да се реши бидејќи сепак имаме добрососедски односи со Бугарија, рече Јовановиќ.

 

Според аналитичарот Сотир Костов, целта на БАН е злобна, лоша.

 

„Со тие луѓе потпишавме договор за соработка. За разлика до мојот соговорник и премиерот Заев, на нож ќе ја пречекам оваа изјава. Станува збор за нееднаков однос, тоа не е добрососедство. Предупредувавме дека тие прво треба да се извинат, но нас не направија националисти, не е точно. Го почитувам бугарскиот народ, но бугарската политика ни случајно. Ако ми го земеш јазикот, значи не постои. Они сакаат да дојдат во нивниот сон, балканскиот Ерусалим, Охрид го сакаат“, вели Костов.