Ќотекот на Трајковски го одложи „ТНТ“, Коце денеска без детали, бил во подрум

Го истепале и не дојде на судењето „ТНТ“. Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, кој е обвинет за уривањето на „Космос“ го одложи денешното судење. Имал сериозни повреди откако синоќа две непознати лица го нападнале додека тој шетал низ населбата „Железара“, во друштво на поранешниот скопски градоначалник, Коце Трајановски. Трајановски за Алсат потврди дека бил со Трајковски, но не ги видел напаѓачите. Денеска не можеше да даде детали околу случката, бидејќи како што ни изјави бил зафатен во својот подрум.

Судијата Огнен Ставрев побара Трајковски стражарно да биде донесен во кривичниот суд, затоа што добил информација од Ургентниот центар дека Трајковски е пуштен дома.

„За неговите повреди судот нема добиено официјална документација, а во разговор со докторот Судот е известен дека е пуштен во општа здравствена состојба“, рече судијата Ставрев.