Вчера во 21.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во болницата во Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен А.К.(42) од Кавадарци.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при работа во фабрика во Кавадарци.
Се работи на расчистување на случајот.