Грчкиот Парламент го одобри буџетот за 2020 година

0
139

По петдневна расправа што траеше околу 50 часа, грчкиот Парламент синоќа го одобри буџетот за 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Новиот државен буџет, доби 158 гласа „за“, а 139 пратеници беа „против“, додека пак буџетот за Министерството за одбрана беше изгласан со широко мнозинство и поддршка од 250 пратеници, а меѓу нив и од опозициските партии СИРИЗА и Грчко решение.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, согласно буџетот, трошоците за 2020 се предвидува да достигнат до 57,16 милијарди евра, за 722 милиони повеќе во споредба со предвидувањата за тековната година, додека пак нето приходот на државниот буџет предвидено е да изнесува 54,71 милијарди евра, 0,8% повисок во однос на процените за 2019 година.