Дино Мерлин во Скопје за Нова Година ќе пее за 100.000 евра

0
82

Српскиот портал Курир.рс, ги објави цените за новогидишните настапи на балканските музички ѕвезди.

Hајмногу ќе добијат Здравко Чолиќ и Дино Мерлин.Чола ќе пее во Будва, а Дино Мерлин на плоштадот во Скопје. Босанскиот пејач за 100.000 евра ќе ги забавува скопјани.

Организатор на настапот на Мерлин е Град Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов на промоцијата изјави дека неговата упорност била пресудна Мерлин да се согласи за Нова година да пее во Скопје.

Кога беше официјално најавено кој ќе ги забавува скопјани за новогодишната ноќ, од Градот потенцираа дека целата сума за хонорарот на Мерлин, ќе биде платена од спонзори.