Инвестиции од 218 милијарди евра на Арктикот

0
75

Министерството за развој на рускиот Далечен исток и Арктикот очекува да се инвестираат 218 милијарди евра на Арктикот во текот на следните 15 години, како резултат на субвенциите обезбедени со стратегијата за развој на Арктичката зона на Русија до 2035 година, рече заменик министерот за развој Александар Крутиков.

Крутиков рече дека данокот за вадење минерали ќе изнесува околу пет отсто во рок од 15 години, почнувајќи од првото комерцијално производство. Основата за државната политика на Русија во Арктикот до 2020 година е дефинирана со документ потпишан во 2008 година од тогашниот претседател на Руската Федерација Дмитриј Медведев. На крајот на ноември годинава, Министерството за развој на рускиот Далечен исток и Арктикот соопшти дека е завршена работата на нацрт-стратегијата за развој на руската арктичка зона до 2035 година.