Камчев: Чист сум и тоа ќе го докажам – „Империја“ е креирана за „Рекет“

0
70

Орце Камчев прв пат разбрал дека за него е отворена предистражна постапка од СЈО и дека врз него биле воспоставени ПИ-мерки во август 2018-та од адвокатот Васил Димишков, брат на истражната судијка Весна Димишкова, која му го одреди притворот. Бизнисменот сведчеше дека на средба во “Систина”, адвокатот му понудил соработка за која побарал 100.000 евра, а потоа за поблаги мерки му дал и други понуди, кои Камчев рече дека ги одбил.

 

Во своето сведочење во Кривичниот суд ја посочи и обвинителката Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот “Империја”, за кој тврди дека е конструиран за да се врши рекет.

 

Првиот контакт со Боки 13, Камчев го имал во еден ресторан, кога му била побарана реклама за 1ТВ.. Потоа следувале и други понуди за изградба на трговски центри за мода и старечки домови, кои ги одбил, но по сугестија од колегите во Систина решил да се реклмамира за да не биде на удар со негатива кампања на телевијата.