Членот на претседателството на Демократскиот сојуз на Косово Авдулах Хоти изјави дека нема да коалицира со движењето Самоопределување ако ДСК не го добие местото претседател.
Преговорите за коалиција заглавија околу барањето на ДСК упатено до самоопределување да им ја отстапат функцијата претседател.
Ако не го добиеме местото претседател ќе одиме во опозиција, рече Хоти во емисија на телевизијата Т7.