Мицкоски: Од „Сваровски“ судството сега добивме судство „Луј витон“

0
86

Од „Сваровски“ судството сега добивме судство „Луј витон“ рече на прес конференција Христијан Мицкоски претседател на ВМРО ДПМНЕ. Според него нема истраги за најголемите афери на власта како „Рекет 2“, инсулин, вирус и Те-то. Целта, вели Мицкоски е да се разводнат затоа што одговорноста за овие скандали води кон врвот на власта. Мицкоски исто така рече дека владејачката СДСМ после пет месеци го изгубила интересот за носење закон за обвинителство затоа што правосудството е политичка капа на Заев.

Никој во оваа држава не смета дека криминалот и рекет од 8 милиони евра е можен од само двајца, до тројца луѓе особено ако се знае дека цел државен врв беше во организацијата на Бојан Јовановски. Но нив ги нема на обвинителната клупа. Воедно, нема никаква постапка и не се испитува улогата на поранешниот генерален секретар Кирацовски кој беше споменуван во овој случај, а постојано се плетка истрага против Ременски, која за разлика од сите останатите има вип влез и излез од обвинителството“-изјави Христијан Мицкоски, пртседател на ВМРО-ДПМНЕ.