Битолчани бараат од власта поенергични мерки во битката со аерозагадувањето

0
82

Трет ден Битола е окована во густа магла, концентрациите на ПМ честичките се над дозволените вредности. Утрово градот се искачи највисоко на листата на најзагдени градови во државата со 91 микрограм на метар кубен ПМ 10 честички. Граѓаните велат дека малгата е специфична за Битола и ја има често во овој период од годината и се жалат дека тешко дишат, а загадувањето го чувствуваат и повозрасните и децата. Бараат властие да преземат поенергични мерки во битката со аерозагадувањето.

Ние постари пензионери седиме дома, само ако имаме потреба излегуваме а на децата задолжително маски им ставаме, вели една битолчанка.

Ова се должи најмногу на огревот и автомобилите. Ваква фрекфенција на коли никогаш немало, рече друг граѓанин.