ОБЕРХУБЕР: ПОТРЕБЕН Е СЕОПФАТЕН СИСТЕМ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЗАГАДУВАЊЕТО

0
89

Од една страна треба да инвестираме во енергетската ефикасност, но исто така треба да погледнеме и во тоа што го користиме да добиеме енергија, вели директорот на германското друштво за интернационална соработка, Давид Оберхубер, во неделното интервју на РСЕ.

Господинот Дефа започна со работа пред половина година врз основа на договорот меѓу премиерот Зоран Заев и германската канцеларка Ангела Меркел. Тој тесно соработува со нашите проектни тимови, но главно со советниците од кабинетот на премиерот: од една страна на зајакнување на имплементацијата на владините стратегии и иницијативи во процесот на поставување на централната набљудувачка единица, која е фокусирана на стратешки проекти и на напредокот на стратешките проекти и потоа на работа со министерствата за исполнување на целите на владините структури. Од друга страна, тој исто така внесува перспектива од европската интеграција со една специфична програма: стратегија за паметна специјализација, која е алатка на ЕУ во политиките за иновации со идеја за спојување на иновативни актери во општеството. Тука идејата е да се работи со министерствата на поставување систем за спроведување на оваа стратегија за паметна специјализација.