ОЈО бара притвор за убиецот кој вчера го усмрти својот зет

0
79

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека извршило кривични дела – Убиство од чл.123 ст.1, Убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл. 19 (обид), како и Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.

На 20 декември, на улица „Московска“ во Скопје, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Чешка Зброевка“ модел VZOR 50 cal калибар 7.65. Со оружјето со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да лиши од живот. Кога оштетените татко и син дошле пред дуќанот на осомничениот и почнале да тропаат на вратата, упатувајќи му закани да отклучи и да излезе надвор за да ги решат меѓусебните недоразбирања, тој без да отклучи го извадил пиштолот кој го држел без дозвола и го насочил кон нив. Во тој момент тие се оддалечиле, па осомничениот ја отклучил вратата, мислејќи дека си заминале. Тогаш ги забележал како повторно се приближуваат, па пак влегол во дуќанот и го зел пиштолот и започнал да пука кон нив-неведуваат од ОЈО.