Пендаровски во посета на општина Дебар

0
89

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска ја посети општина Дебар.

 

На почетокот на посетата, претседателот Пендаровски го посети Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“. На средбата со игуменот на манастирот, архимандритот Партениј, претседателот Пендаровски беше запознаен со подготвителните активности за одбележување на 1000-годишнината од постоењето на манастирот, во 2020 година. За време на посетата претседателот Пендаровски се сретна со група штитеници кои престојуваат во манастирот и се лекуваат од различен тип на зависности.

 

Претседателот Пендаровски ја посети фабриката за полнење на природна изворска вода МЛ Гари – Maya, која се наоѓа на регионалниот пат Бошков мост – Извор. На средбата со менаџментот беше претставена работата на компанијата, која функционира веќе три години на македонскиот пазар. Пред претседателот Пендаровски беа претставени и идните планови на компанијата за проширување на производствените капацитети.