ПИСА: Македонските средношколци едвај знаат да читаат – тие се на 67. место од 77 држави

0
94

Maкедонските петнаесетгодишници, според вештините во читање освоиле 393 поени, а просекот на земјите-членки на ОЕЦД е 487, што ја рангира државата на 67 место од вкупно 77 држави, покажува последниот извештај на ПИСА ( Programme for International Student Assessment ) кој е објавен денеска.

На листата земји од целиот свет кои учествуваа во ова истражување, нашите ученици според постигањата во читање, се во друштво со нивните врсници од Саудиска Арабија, Тајланд, Баку, Казакстан, Мароко.

„Повеќе од 10 милиони ученици кои учествувале во ПИСА истражувањето, не можеле да ги исполнат ниту најосновните задачи во читање, а се работи за деца на 15 годишна возраст од 79 земји во светот со висок и среден приход. Само 77 отсто од студентите, го достигнале нивото 2 во читање. Тоа ниво ја означува точката во која учениците се стекнале со технички вештини да читаат и да можат да го користат читањето за учење. Овие ученици имаат миниум способност да ја идентификуваат главната идеја во умерено долг текст, да најдат информации засновани на експлицитни критериуми и да размислуваат за целта и формата на текстовите, кога им се дава насока да го сторат тоа“, стои во извештајот.