Правда подготвува нов Закон за јавното обвинителство, двотретинска поддршка повторно неизвесна

0
70

СКОПЈЕ – Нов Предлог закон за Јавно обвинителство подготвува министерството за правда со надеж дека ќе се одблокира процесот, ќе помине во Владата и ќе се изгласа во Собранието со што би се исполнило едно од клучните барања на Европската Унија. Откако стана јасно дека Законот за јавно обвинителство кој со месеци е предмет на преговори меѓу владеачката СДСМ и опозициската ВРО – ДПМНЕ нема да биде поддржан и нема да го добие неопходното двотретинско мнозиство , министерството почнало да работи на изготвување на нов во кој се инкорпорирани дел од забелешките на опозицијата но и други измени со цел да добие поддршка до сите парламентарни партии.

Според министерството за правда, со ова законско решение, се определува кој ќе ги превземе надлежностите на СЈО и материјалите од незаконското следење на комуникациите. Клучмната измена е што сега не се предвидува формирање на ново Обвинителство за гонење на висока корупција и криминал кое би било во склоп на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција туку само би била префрлена надлежност во Обвинителството кое во моментов го раководи обвинителката Вилма Рускоска. Новото законско решение предвидува обвинителите од СЈО да продолжат да постапуваат по истите предмети кои се предадени Јавното обвинителствоодносно дека продолжуваат сите предистраги и истраги што ги започнало СЈО.