Комити“ со идеја – обединување на сите навивачи за дуелот со Косово!

0
82

Македонската фудбалска репрезентација по долго време би можела да има поддршка од повеќе навивачки групи, вклучувајќи ги и „Комитите“ на Вардар, затоа што се разгледува можност сите групи од нашата земја да се обединат и да ги поддржат играчите во обидот за пласман на ЕП 2020.

Барем така стои на официјалниот Фејсбук-профил на групата, каде стои дека „Комити“ се наоѓаат пред носење на важна одлука околу репрезентацијата и дуелот со Косово во Лигата на нациите и побараа јавно мислење.

Идејата гласи: „Дали сте за обединување на сите навивачки групи на дуелот против Косово и од Западната Трибина сплотени да дадеме поддршка на Фудбалската Репрезентација на Македонија?“, а повеќето од испитаниците, засега околу 1.000, имаат гласано со „ДА“.