Шилегов ја разреши директорката на ГСУ „Никола Карев“ која упати закани до учениците да не протестираат

0
83

Со заштитни маски и транспаренти, генерациите од прва до четврта се обединија во училишните дворови и порачаа: „Нема воздух нема мир!“. Но во средното училиште „Никола Карев“ бојкотот на учениците беше неприфатлив за директорката Горица Илиовска која им се закани на учениците, поради што градоначалникот Шилегов ја разреши. Учениците први започнаа да протестираат во знак на поддршка на граѓански здруженија од цела Македонија кои денеска за во 17 часот закажаа голем протестен марш пред Министерството за животна средина и потоа пред Владата. Поддршка на денешниот протест дојде и од министерот за животна средина, Насер Нуредини

Средношколци од неколку скопски училишта денеска ја бојкотираа наставата во знак на протест што не се решава проблемот со загадувањето на воздухот во градот. Со заштитни маски и транспаренти генерациите од прва до четврта се обединија во училишните дворови и порачаа: „Нема воздух нема мир!“

 

Ученици од средното училиште „Јосип Броз Тито“ велат дека за нивната одлука за бојкот на наставата поддршка добиле од наставниците и од директорката.

 

– Се симнавме во холот на училиштето да го изразиме бојкотот, но ни беше кажано да излеземе надвор. Се одлучивме да засадиме дрвца во дворот на училиштето и потоа се разотидовме – ни кажа еден средношколец.

 

Но во средното училиште „Никола Карев“ бојкотот на учениците беше неприфатлив за директорката Горица Илиовска. Во видеото кое се појави на социјалните мрежи се слушаат нејзините закани.