Четири пријави во Скопје за физички напади во изминатите 48 часа

0
85

На 21.12.2019 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“, по претходна расправија околу паркинг место, М.К. бил физички нападнат од К.Ј.(56) и К.И.(32) од Скопје. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 22.12.2019 во 01.00 часот во СВР Скопје, С.С.(21) од Скопје пријавил дека на 21.12.2019 околу 23.00 часот пред угостителски објект на бул.„Партизански одреди“, по претходна расправија, бил физички нападнат од Д.К. Се работи на расчистување на случајот.

На 21.12.2019 во 14.30 часот во Полициската станица Аеродром Т.Д.(41) од Скопје, пријавил дека околу 13.30 часот во с.Долно Лисиче, скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.12.2019 во 20.58 часот во СВР Скопје, Ф.Ч.(44) пријавил дека околу 19.30 часот на кејот на реката Вардар, под мостот „Гоце Делчев“, бил физички нападнат од две лица, кои му го одзеле паричникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.