26ти роденден на СЕТЕК со 50% попуст за потрошувачите

Во СЕТЕК започнаа традиционалните декемвриски попусти. Сите производи се продаваат по цени намалени и до 50%. Повод за големата акција е 26-тиот роденден на СЕТЕК.

 

“Сетек-сè од техника слави 26 години. 26 години се навистина голем период на постоење на македонскиот пазар и по тој повод Сетек-се од техника организира големи попусти на целата гама на производи од техника, почнувајќи од бела техника, телевизори, мобилни телефони, лап-топови”, вели Дејан Кимовски, директор на СЕТЕК-сè од техника.

 

Овие попусти во СЕТЕК се продолжение на акцијата “Блек Фрајдеј”. Намалување на цените има кај сите производи: аудио, видео и бела техника, компјутери и ИТ опрема, велосипеди итн.