Eвропа ќе собира помош за обнова на Албанија

Европската Унија организира донаторски собир за обнова на Албанија по земјотресот.

Европската комисија соопшти денес дека во јануари ќе биде одржана донаторска конференција за помош на Албанија, по земјотресот во кој загинаа 51 лице.

Претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лајзен рече дека членките на ЕУ ветиле дека ќе помогнат во долгорочната реконструкција, пренесува АП.

Во земјотрес со јачина од 6,4 степени што се случи минатиот месец, повеќе од 13.000 луѓе останаа без покрив над главата, а над 14.000 згради беа оштетени.

Албанија побара меѓународна финансиска помош за реконструкција, која треба да биде завршена до крајот на 2020 година. Владата на Тирана одвои 117 милиони американски долари за таа цел.