Белиот лав пристигна во скопската ЗОО

0
188

Белиот лав Чака пристигна во скопската ЗОО од зоолошката градина од Аменвил, Франција.така што за прв пат градот Скопје и скопската зоолошка станаа дом на бели лавови.

Пред три недели од Ходенхаген, Германија, пристигна Бела, млада женка која припаѓа на видот бели лавови. Тие заедно ќе живеат во пространо живеалиште адаптирано за нивните потреби.

Добро е да се знае дека белите лавови се еден од најзагрозените видови во светот, а во природата се речиси во истребување, поради масовниот лов, но и нивната отежната репродуктивност.