БРАЗИЛ: Судот забрани филм од Нетфликс во кој Исус Христос е прикажан како хомосексуалец

0
75

Судијата Бенедикто Абикаир на тој начин одговори на петицијата на една бразилска католичка организација, во којашто се наведува дека таа е во име на милиони католици, навредени од емитувањето на филмот. Се работи за „Првото искушение на Христос” во продукција на компанијата Порта дос Фундос.

На Божик, пак, беа нападнати канцелариите на компанијата.

Во своето размислување, судијата изјавил дека одлуката е корисна не само за христијанската заедница туку и за бразилското општество.Филмот го прикажува Исус како се враќа дома за својот 30. роденден и алудира дека е хомосексуалец.

„Нетфликс“ одби да ја коментира одлуката на судијата.