Во битката за гласови партиите ги „извадија ракавиците“

0
104

Се загрева изборната атмосфера во албанскиот политички блок по најавата за предизборно обединување на трите најголеми партии од опозицијата.

Изјавата на Таравари дека и меѓународната и домашната јавност очекува ДУИ конечно да падне од власт, во Мала Рeчица ја оценија како лажна вест.

„На ова фракција која се роди како резултат на раздор од матичната партија ДПА, единствената цел и е да се урнат достигнувањата на албанците како јазикот, знамето, повеќе од 25.000 административци, НАТО, универзитетите, училиштата, градинките, болниците, инфраструктурата и сите други постигнувања.