Во грчкиот Парламент ратификуван протоколот за одбранбена соработка меѓу Грција и САД

0
142

Протоколот со амандманите на веќе постоечкиот Договор за одбранбена соработка од 90те години меѓу Грција и САД, вчера со 175 гласа „за“ беше ратификуван во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Изменетиот договор меѓу двете земји го поддржаа владејачката Нова демократија и опозициската Движење на промена, а „против“ гласаа 33 пратеници и од Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25), додека пак 80 пратеници од опозициската СИРИЗА беа воздржани.

На гласањето му претходеше жестока дискусија и обвинување меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, меѓу другото, и поради ставот на опозициската партија да не гласа за протоколот.